Во организација на премиерот Оливер Спасовски денеска во Владата ќе се одржи јавна дискусија за промовирање и подигање на свеста за мајчиниот јазик и културната разноликост по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.
-Јавната дискусија, во која ќе учествуваат и заменикот на претседателот во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки, директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Илхан Рахман, и директорот на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Република Македонија Илбер Села, е во рамките на подготовките за донесувањето на Програма за покренување на јавната свест за примена на Законот за употреба на јазиците, соопшти владината прес-служба.
Во работниот дел на дискусијата се поканети да учествуваат и гости од општествената и академската заедница од земјата и од странство, како и претставници на граѓански организации.