Комисијата за труд и социјална политика на Собранието денеска ќе одржи јавна расправа на тема „Предлог-законски измени за воведување заедничко родителство по развод”.
Покрај членовите и заменик-членовите на Комисијата, на јавната расправа се поканети пратениците во Собранието, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, народниот правобранител, претставници од Заводот за ментално здравје, од Институтот Алтернатива, од Националниот совет за родова еднаквост, адвокатски друштва, од судови (семеен оддел), но и од Советот на Европа, НДИ, центри за социјална работа, од Заводот за социјални дејности, како и сите други институции кои се засегнати од оваа област.