По дефиниција нашиот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија не е стабилен зошто треба да има ситуација еден према 3, односно на еден пензионер тројца вработени, а сега ситуацијата е 1 пензионер, а 1,8 вработен, рече Лазар Јовевски, претседател на Комисија за труд и социјална политика на ВМРО-ДПМНЕ на дебатата на телевизија Телма на која учествуваше и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.
Според него овој сооднос е важен за да има ликвидност или исолвентност на Пензискиот фонд.
-Ќе ни треба многу работа за да стигнеме до оваа состојба на стабилност за која говорите, и рече Јовевски на Царовска.
Тој посочи дека во оваа ситуација треба да се задржиме на три поенти, прво, финансиска одржливост на системот, второ, опфатот колкава ќе биде старосната граница и трето, визија, програма во која насока ќе оди реформата на пензискиот систем.
-Сите индикатори покажуваат дека на долг рок ПИОМ има проблем. Покачувањето на пензиите најчесто се сведува на ретокрика дека е симболично. Вие пред избори велевте дека вашата визија е зголемување на десет проценти на пензиите секоја година, во овој контекст се изненадив и видов дека ако тоа се исполнело ќе требало да се исплатат 5 милјарди денари заклучно со месецов, рече тој.
Јовевски посочи дека кога се ветува на оваа категорија на граѓани мора да се биде внимателен.
-Дека Пензискиот фонд е стабилен и ќе продуцира одржливост е само една флоскула која не е поткрепена, рече Јовевски.