Две малолетнички крвнички тепаат соученичка во ОУ Гоце Делчев во Неготино. Додека брутално го малтретираат девојчето останатите деца гледаат, снимаат и навиваат.
Од министерството за образование го осудија случајот со насилство во училиштето во Неготино.
– Државниот просветен инспекторат ќе изврши инспекциски надзор во посоченото училиште со цел да се утврди дали училиштето ги презело сите соодветни мерки во однос на настанот. Од училиштето нѐ информираа дека учениците и родителите се повикани на советување и дека случајот ќе биде пријавен во полиција, се вели во ставот на МОН.