Загрижени родители на децата кои учат во несоодветни услови во подрачното училиштето „Димитар Поп Георгиев- Беровски“ во Хром велат дека 23 дена наидуваат на молк и затворени ходници.

-23 денови молк и затворени ходници !
23 денови нема одговор од надлежните институции кои си ја префрлуваат топката, додека дечињата се гушат во субстандардни услови кои се спротивни на сите законски и подзаконски акти кои го уредуваат образованието како ресор.
МОЛК од самото училиште.
МОЛК од локалната самоуправа и Градоначалникот.
МОЛК од инспекторатот за образование.
МОЛК од Министерството за образование.
Се оди на кратка меморија, да се разводни проблемот и да се ”заборави”, но нема да поминe така лесно.
Температурите паѓаат, доаѓа зима, епидемија на грип и други болести, кој ќе гарантира дека во простор од 20 м2 сите 25 дечиња ќе бидат здрави ?
Дали вие би ги пуштиле вашите дечиња да учат на овие услови ”господа од управата”?

За таа цел беше свикан итен состанок, кој заради итноста е заказажан дури 23 денови по почнувањето на учебната година, на кој нема да биде присутна ниту директорката Сашка Новковска, ниту Градоначаникот Наумоски туку внимавајте, ПРЕТСТАВНИЦИ од општината и Министерството.

За таа цел ги повикуваме сите родители, засегнати граѓани и медиуми да присуствуваат на утрешниот состанок (24.09) во 18 часот во просториите на подрачното училиште ”Димитар Беровски” во Хром и да ни дадат поддршка да им помогнеме на нашите дечиња. Од загрижени родители, стои во нивниот пост споделен на Фејсбук.