Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска преку статус на Фејсбук пишува дека Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ дава голема поддршка за носење на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.

-Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ дава голема поддршка за носење на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство!

Вчера зборував на Комисијата за труд и социјална политика по однос на предлог – Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. За Република Македонија овој Закон е од огромно значење. ВМРО-ДПМНЕ даде свои забелешки кои во понатамошната постапка на носење на Законот ќе бидат имплементирани во рамки на Законот и ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка истиот да се донесе со консензус помеѓу власта и опозицијата. Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ дава голема поддршка за носењето на овој Закон и преку Пратениците со конструктивни амандмани ќе даде свој придонес во изработка на поквалитетно законско решение, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.