Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, денеска беше во посета на општина Свети Николе. Таму разговараше со сопствениците за нивните потреби во сточарството и она што е потребно да се направи за оваа гранка.

Јанушев вети дека новата влада на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на редовна исплата на субвенциите, олеснат пристап до ИПАДР фондовите, поддршка на инвестиции за воведување на систем „капка по капка“и други системи за ефикасно и економично користење на водата, како и дека во делот на овчарството ќе биде зголемена поддршката на основната мерка за 50%, односно од сегашните 1000 денари по грло ќе се исплаќа по 1500 денари по грло.

– Ќе бидат поддржувани проекти за набавка на механизација и опрема за примарно земјоделско производство, проекти за подигнување на нови и реконструкција на постоечки повеќегодишни насади и помош за набавка на добиток од основно стадо, напиша Јанушев на својот официјален фејсбук профил.