Според Националната здравствена служба на Велика Британија, просечниот возрасен човек (меѓу 19 и 64 години) треба да има приближно 1,2 милиграми бакар дневно. Тој метал се добива преку јаткасти плодови, школки, но и органите од некои животни.
Побелувањето на косата е природен процес. Сепак, седите влакна кај некои луѓе може да се појават многу порано отколку што тоа е вообичаено. Д-р Асиф Ахмед од британкиот Универзитет на аутемптон тврди дека седата коса и заморот може да бидат признаци на недостаток на бакар, пренесе порталот „Кликс“.
– Вашето ниво на бакар е директно поврзано со седата коса, како и со целокупното здравје на кожата, нивото на енергија и метаболизмот… Недостатокот на бакар е многу редок, но поради некоја причина гледам повеќе такви случаи, а не знам зошто? Од друга страна, преоптоварувањето со бакар е нешто што дефинитивно не сакате да го имате, затоа Ве молам не почнувајте со додатоци без да ги проверите нивоата, нагласи Ахмед.
Според Националната здравствена служба на Велика Британија, просечниот возрасен човек (меѓу 19 и 64 години) треба да има приближно 1,2 милиграми бакар дневно. Тој метал се добива преку јаткасти плодови, школки, но и органите од некои животни.
Следниот совет на лекарот гласи: Лажица какао во прав дневно помага во спречувањето појава на повеќе седа коса. Според него, и додадени протеини и влакна се благотворни, како и јогуртот, или напивката од какао.