Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, во западните делови повремено значително облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој во западните делови повремено ќе засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 26 степени, а во Скопје темпертурата ќе се искачи до 23 степени.

До крајот на неделата ќе преовладува стабилно време со мала до умерена облачност. Од утре ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец што ќе предизвика пораст на температурите до 31 степен.