Овој град се стекна со колективен имунитет на коронавирусот

Се појави првиот град во светот кој има стекнато колективен имунитет на коронавирус. Станува збор за главниот и најголем град во Амазонија. Научниците велат дека имаат докази дека градот Манаус…

Се појави првиот град во светот кој има стекнато колективен имунитет на коронавирус. Станува збор за главниот и најголем град во Амазонија.

Научниците велат дека имаат докази дека градот Манаус веќе има тотален колективен имунитет, што можеби се должи на тоа дека имало многу заразени меѓу жителите што веќе развиле имунитет.

Во месец јули коронавирусот многу брзо се проширил низ Манаус, а потоа следувал рапиден и необјаснив раст на бројот на заразени и починати.

Дваесетина научници од Бразил и Велика Британија сега објаснуваат дека откриле зошто вирусот останал без домаќини. Имено станува збор за високиот степен на инфицираност кој предизвикал 66% од жителите во градот да развијат антитела со што вирусот веќе не може да се шири толку брзо како што тоа било случај претходно.


Related Articles