Секоја љубовна врска поминува низ повеќе фази и колку и да сакаме постојано да биде ни убаво, треба многу труд за да и двајцата партнери се чувствуваат среќно и задоволно.

Психолозите често зборуваат за три клучни фази во кои партнерите поминуваат низ различни емоционални состојби.

Романтична љубов

Во оваа фаза го идеализирате потенцијалниот партнер. Ве исполнува голема возбуда и среќа, се радувате на новата љубов, постојано размислувате за партнерот.

Како што обично се вели: „премногу е добро за да биде вистинско“, тоа обично е и случај во оваа фаза.

Во оваа фаза од врската не сте во состојба да ги согледате мааните на вашиот партнер. Мозокот ужива во љубовта и не го интересира ништо друго.

Реалистична љубов

Некој ќе каже: „повеќе не ни е забавно како порано“, или „имаме проблеми во врската“.

Ова е втората фаза во љубовната врска во која многу парови донесуваат големи одлуки- раскинуваат или се одлучуваат да останат заедно.

Колку долго трае оваа фаза?

Тоа е релативно. Некои парови се одлучуваат да раскинат додека пак други лесно ги надминуваат проблемите.

Доколку сте од оние коишто се во потрага по романтична врска и веруваат само во ваква љубов, ќе бидете изневерени. Ќе започне периодот на повредување, очај, расправии.

Зрела љубов

Во оваа фаза и двајцата ќе се чувствувате сигурно. Тоа е всушност она што сте го сакале, но претходно мора да поминете низ овие две фази.

Сега се познавате еден со друг, знаете што сакате, знаете што ви пречи, кои се вашите слаби страни, и го прифаќате партнерот со сите негови маани и недостатоци.

Дали може да погрешите?

Секако, исто како и во претходните две фази. Нема причина за грижа, секој од нас прави грешки, но доколку се обидете да поминеме преку нив ќе изградите црвста врска и ќе уживате во сигурна и страсна љубов.