Панични напади најчесто имаат личности кои се постојано напнати, често се загрижени, со изразена потреба да им се допаднат на останатите и се трудат да им угодат на другите.

Паничните напади можат да бидат застрашувачки за личноста која поминува низ тоа искуство, но исто така и за сведоците на овој напад, особено доколку станува збор за сакана личност.

Иако постојат многу совети за тоа како треба да се однесувате кога некоја блиска личност има паничен напад, повеќето луѓе не знаат што треба да направат за да помогнат.

Експерти за Bright side предлагаат седум начини на кои би можеле да помогнете во текот на паничен напад:

Останете прибрани

Би било корисно доколку вие не покажувате страв затоа што ќе го пролонгирате нивниот напад. Обидете се да останете смирени и не покажувајте дека сте загрижени или дека се плашите. На тој начин ќе им бидете од помош.

Информирајте се

Повеќе од 13 проценти од луѓето се подложни на напади на паника, кои можат да бидат многу силни и вознемирувачки. Препознајте ги симптомите, нападите на паника можат да траат меѓу 5 и 30 минути, со симптоми како што се забрзано дишење, потење, забрзана работа на срцето, тресење и мачнина.

Прашајте ги дали им треба нешто

Обидете се да не донесувате прерани заклучоци и не правете го она што вие мислите дека им е потребно. Секој човек е различен и на различен начин бара помош и поддршка. Прашајте ги смирено што сакаат да направите за нив. Не бомбардирајте ги со прашања. Почитувајте ги сите барања коишто ги имаат, иако на вас можат да ви се чинат дека се безначајни. Бидете подготвени кога ќе ви кажат дека не им треба ништо и бидете тивки.

Поттикнете длабоко дишење

Охрабрете ја личноста во нападот на паника да дише полека и длабоко. Некои препорачуваат да броите на глас или да барате да ве гледаат додека мирно ја кревате раката горе и доле. Постојат и водичи за смирување кои вклучуваат вежби за дишење.

Предложете им да не се борат со нападот туку да пуштат да помине

Луѓето коишто имаат паничен напад често сакаат да излезат од место каде што има премногу луѓе и предмети, или бараат нешто што ќе им го одвлече вниманието. Но ова ги влошува работите бидејќи тогаш ги извегнуваат местата како што се шопинг центрите или јавниот превоз.

Охрабрете ги

Паничните напади можат да бидат многу вознемирувачки, некои луѓе кои минале низ таа состојба чувството го опишуваат како да имале срцев удар или како да умираат. Важно е да ја уверат личноста која доживува напад дека не е во опасност. Симптомите, кои можат да се припишат на реакција на телото или борбата, обично се најсилни во првите 10 минути.