Во функција се 14 центри за тестирање, на територија на целата Македонија за земање на брисеви. Тие се веќе објавени на сајтот на Мој терми и со ова практично во функција ги ставаме сите близу 1200 матични лекари коишто ќе се вклучат во процесот на дијагноза и во водењето на пациентите, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Секој еден пациент или граѓанин кој што нема симптоми да се јави кај својот матичен лекар каде ќе ги каже неговите симптоми или неговата анамнеза, односно епидемиолошка анкета. Согласно податоците матичниот лекар веќе има електронски алгоритам кој ќе укаже на тоа дали е потребно тестирање или не и доколку е потребно кој е степенот на итност.
Со тоа преку системот на Мој термин ќе се закаже соодветно време во кое што ќе биде земен брисот во еден од 14-те пунктови или во Скопје во Јане Сандански и Ченто.
Согласно итноста матичниот лекар закажува термин ќе бидат земени брисеви и соодветно испитани, а за резултатите ќе бидат известени и согласно состојбата ќе биде заземен став за натамошно лекување дали на клиника или во домашни услови а во целосна секојдневна комуникација со матичните лекари и со сестра и доктор од клиниката за инфективни болести.