Еве како најдобро да ја заштитите кожата на рацете во зимските денови за да не пука.

Хидратантен сапун

Често миење на рацете со силни сапуни може дополнително да ја исуши кожата, па поради тоа решението за ладните денови е сапун со поблага формула, кој хидрира. Рацете секогаш мијте ги во млака вода, никако во топла или премногу ладна. Топлата вода ја уништува еластичноста на кожата, а ладната ја суши.

Лимон

Ова овошје делува како пилинг и ја омекнува кожата. Истријте ги рацете со кора од лимон или исцедете сок од лимон, па во него натопете ги рацете две до три минути. Тоа ќе ги зајакне и испуканите нокти, а кожата ќе биде понежна и почиста.

Ракавици

На снег и ветер, ракавиците се единствената вистинска заштита за кожата. Затоа, не излегувајте надвор без нив. Покрај тоа, и кога миете садови со силни детергенти и хемикалии, користете гумени нараквици. Рацете ќе ви бидат бескрајно благодарни.

Домашен балзам

Измешајте две жолчки од јајца, две лажици мед и две лажици маслиново масло, па потоа премачкајте ги рацете и држете ги 20 минути. Потоа исплакнете ги со вода и нанесете крем, најдобро со пантенол. Балзамот користете го два до три пати на ден, а ако го чувате во фрижидер, рокот на траење му е пет дена.