Против пет лица од Скопје Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Предлог за издавање казнен налог заради сторено кривично дело-Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Сите обвинети ја прекршиле Одлуката со која се забранува движењето на населението во Република Македонија, при што еден од нив бил затекнат на 23 март во 21:25 часот како управува со патничко моторно возило Фолксваген пасат по пристапниот пат кон с. Сарај, скопско.
Останатите четворица, пак, во 01:30 часот на 24 март се движеле со патничко моторно возило Гранд Чироки во с. Арачиново, скопско.
За секое од петте обвинети лица надлежните јавни обвинители му предложија на судот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.