Порталот Н1 направи анкета меѓу келнерите, околу тоа- кои пијалаци скоро никогаш не би ги нарачале? Следат трите најчести одговори…

1.Мимоза

Иако овој коктел има две состојки, тој е прилично популарен. Но, оригиналниот рецепт налага мешавина од сок од портокал и шампањско, така што „на многу места, ќе добиете евтино пенливо вино без вистинскиот вкус“, коментираат познавачите.

2.Пијалаците коишто завршуваат на „-тини“, а не се мартини

Кога нарачувате мартини, добивате совршен спој на џин и вермут со маслинка. Меѓутоа, кога ќе нарачате, на пр. аплтини, ќе ви налеат вотка со сок од јаболко. Овие видови „мартинија“ со овошја се доста популарни, но немаат никаква врска со оригиналниот коктел.

3.Рум-кола

Рум-кола е речиси класика која се пие со десетлетија… Но, румот е алкохол со високо ниво на шеќер, што кога се меша со засладени газирани напивки како Кока-колата, станува премногу благ и тотално нездрав. За оние што сакаат да експериментираат, познавачите препорачуваат Дарк енд Сторми – комбинација од темен рум и пиво од ѓумбир.