Кина објави дека ќе го стопира влезот во земјата на странци со валидни визи и издавање дозволи за престој во обид да се ограничи бројот на увезени од странство случаи на заразени со коронавирусот, јави ДПА.
Забраната стапува во сила в сабота, според соопштение објавено на веб-страницата на кинеското Министерство за надворешни работи. Министерството додава дека влезот со дипломатски или деловни визи нема да се промени.
Странците кои доаѓаат во Кина од економски, трговски, научни или технолошки причини активност, се уште може да аплицираат за визи.
Овој потег доаѓа во време на извештаи дека во изминатите десетина дена во Кина нема локално пренесени случаи на коронавирусот, но увезени случаи од странство се зголемуваат.