„Тенцент“ ги објавиле овие информации на сајтот посветен за следење на податоци за епидемијата: „Epidemic Situation Tracker“, но потоа биле тргнати од страната и заменети со официјалните информации за 304 жртви и 14.446 заразени.
„Тенцент“, втората по големина компанија во Кина, можеби по грешка објавила вистински податоци за бројот на жртви од коронавирусот, пренесуваат странските медиуми.
Мултинационалната технолошка холдинг-компанија во саботата објавила податоци за 154.023 заразени и дури 24.589 мртви, што е повеќе од десет пати, односно 80 пати повеќе од официјалните информации.
„Тенцент“ ги објавиле овие информации на сајтот посветен за следење на податоци за епидемијата: „Epidemic Situation Tracker“, но потоа биле тргнати од страната и заменети со официјалните информации за 304 жртви и 14.446 заразени.
Со грешката наводно е објавена информацијата и за 79.808 лица за кои постојат сомневања дека се заразени од коронавирусот, што е четири пати повеќе од официјалните информации, како и податоците за 269 излечени, а не 351, колку ги има според податоците на кинеските власти.
Комунистичката партија на Кина е обвинета дека ги крие вистинските размери на епидемијата, а дека ги казнува лекарите кои пробале да ја обелоденат вистината.
Според најновите податоци кои се објавени денеска изутрина, заразени се 28.292 лица, загинати се 565, додека бројот на излечени е 1.219