– Изборот на нов производ за домаќинство знае да биде доста комплициран, бидејќи секој го бара најквалитетното за својот дом. Затоа потребна е добра селекција од “морето“ производи кои се нудат на пазарот, но кога знаеме за еден бренд кој со традиција е познат по својот квалитет, тогаш одлуката може да биде многу едноставна.
Клучно за еден бренд е добивање на довербата на потрошувачите, која тешко се стекнува, а лесно се губи. Сепак со јасна визија и трансформација на производите по најсовремена технологија, може да се достигнат посакуваните цели. Потребна е голема упорност, труд, континуитет и трпение во идејата за нејзина реализација.
FAVORIT ELECTRONICS претставува бренд на компанијата Центро Унион, кој веќе три децении гради доверба кон потрошувачите преку квалитетни елементи од бела техника, вградена техника, телевизори, аспиратори, клима уреди и мали апарати за домаќинство. Мисијата на FAVORIT ELECTRONICS е „најдоброто за своите пари“, односно до нивните корисници да испорачаат квалитетни производи по поволни цени.
Дел од корисниците на FAVORIT ELECTRONICS се и нашите познати личности, како Снеже Велков, Димитар Атанасовски, Сања Ристиќ и Стефан Лазаров. Тие за производите на FAVORIT ELECTRONICS велат дека се квалитетни, брзи и практични, а тоа е она што го бираат при купување на апарати за домаќинство. Познатите препорачуваат дека не се мислат кога знаат што е добро, а тоа се производите на FAVORIT ELECTRONICS.
Брендот кој на нашиот пазар се наоѓа уште од 1994 година е доказ дека и покрај сите овие години „ДОВЕРБАРА ОСТАНУВА!“. Одличниот квалитет на производите носи среќни и задоволни потрошувачи.