Кон крајот на месецов стартува зимското сметање на времето.

Иако Европската унија пред неколку години најави дека ќе го укине летното и зимското сметање на времето и ќе донесе унифицирано, тоа се уште не се случи.

Во Европа, вклучително и во Македонија, летното сметање на времето оваа година завршува на 29 октомври, што значи дека ноќта меѓу 28 и 29 октомври во 3 часот по полноќ ќе ги поместиме стрелките на часовникот еден час наназад, односно на 2 часот наутро.