Под влијание на влажен бран во ноќните часови и утре времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и повремено проследени со грмежи.

Ќе дува засилен северен ветер (над 60км/ч.) што ќе услови значително намалување на дневната температура за пет до осум степени.

Во вторник ќе преовладува умерено облачно време со услови за локален слаб дожд и ќе дува умерен до засилен ветер претежно од североисточен правец. Во деновите потоа ветерот ќе ослабува и ќе се задржи стабилно, но посвежо време.