Годините ни се собираат и неминовно се одразуваат на нашето здравје. Можеме да го успориме малку часовникот и стареењето, ако водиме здрав начин на живот.
Тука важна улога игра храната што јадеме секој ден. Без разлика колку сакате да јадете некои работи по 30-годишна возраст телото ги согледува поинаку.
Еве неколку јадења кои треба да ги избегнуваме, ако сме ја поминале таа возраст:
Енергетски блокови
Веруваме или не, токму овие храни не испорачуваат протеини и енергија на телото. Тие се повеќе корисни за младите, но минувајќи 30 години е подобро да не ги конзумираме, туку да ставиме акцент на вистинска храна како овошје, зеленчук и интегрални производи.
Енергетските блокови содржат многу штетни состојки како глицерин, сорбитол, веј протеин, фруктоза и декстроза, кои не се корисни за здравјето и можат да ни донесат вишок килограми.
Бел леб
Белото брашно и багетите се многу меки и вкусни кога се штотуку испечени, но тие имаат висока содржина на шеќер и гликоза, нешто што на некои етикети не го пишува.
Ова може да го наруши производството на колаген и многу протеини, контролираат создавањето на брчки. Затоа е корисно по навршувањето на Христовата возраст да се храниме со пченкарен леб и тоа најмногу 1-2 пати на ден.
Преземено од https://kumanovskimuabeti.mk/