Д-р Виолета Атанасовска, матичен педијатар од Делчево ја доби годишната плакета „Свети Наум Охридски“, што традиционална се доделува на одбележувањето на годишнината од основањето на Лекарската комора на Република Македонија.

Плакетата се доделува на лекар поединец за совесно и одговорно работење, како и за особено добри резултати во лекување на пациенти и стекнувајќи доверба кај нив и за тоа што имал добра соработа со колегите истакнувајќи ги личните и квалитети постигнати резултати во медицината.

– Активно сме вклучени во донесување на законски измени поврзани со системски прашања за унапредување на работата на докторите, а воедно и да се спречи заминувањето на млади лекари во странство. Во текот на 2018 година нови 386 лекари се положија стручни испити и се стекнаат со лиценца за работа, додека 675 специјалистички лиценци се доделени нови или се обновени. Дадени се 221 сертификат за работа на лекари во странство, истакна доцент д-р Калина Гривчева Страделова.

За особени достигнувања во грижата и негата на пациенти благодарници добија д-р Сретимир Николовски од Крива Паланка и д-р Садри Зекири од Гостивар. Наградени беа шест студенти од медицинските факултети на државните универзитети кои имале најдобар просек.

Во Лекарската комора на Република Македонија членуваат 9.000 лекари со разни специјалности.