Во Хрватска регистриран благ пад на заразени од коронавирусот

Во Хрватска вчера се регистрирани само 14 нови случаи на лица заразени со коронавирусот, соопштија од Штабот за цивилна заштита. Со ова вкупниот број заразени изнесува 495. Во текот на…

Во Хрватска вчера се регистрирани само 14 нови случаи на лица заразени со коронавирусот, соопштија од Штабот за цивилна заштита. Со ова вкупниот број заразени изнесува 495. Во текот на денот на домашно лекување се отпуштени и 22 пациенти кои биле хоспитализирани поради Ковид-19.

Министерот за здравство, Вили Берош, изјави дека веќе четврти ден по ред, бројот на ново заразени со вирусот опаѓа.

Хрватска денеска ја регистрираше втората жртва од Ковид-19, а се работи за постаро лице кое претходно имало хронични болести.

Од авиокомпанијата, пак, Кроејша Еирлајнс, објавија дека ги регистрирале први два случаи на вработени заразени со коронавирусот.


Related Articles