Српскиот епидемиолог Предраг Кон во изјава за српските медиуми посочи дека немаат слободни кревети, а пациентите порано ги отпуштаат. Кон изјави дека го поздравува воведувањето на ковид-пропусниците, но наведе дека тие требало да се воведат порано.

Тој за ТВ Прва посочи дека состојбата е катастрофална. Кон вели дека не постои брз начин да се зголеми бројот на вакцинирани граѓани во Србија за да се добие колективен имунитет. Смета дека вирусот „сериозно е во оптек“ кај децата, така што некои од нив се на респиратор, и дека „легитимното прашање е дали е време да се размислува за онлајн настава“. Кон вели дека „моторот“ на секоја респираторна епидемија се колективите – училиштето, работните, спортските, веселбите, свадбите, ноќните клубови.

Од сабота во угостителските објекти ќе се влегува со ковид пропусница. Србија дневно има по 6.000, 7.000 па дури и 8.000 заразени.