Коренот од глуварче помага да се исфрлат дури и “скриените” токсини во организмот. Се мисли на сите метаболни продукти кои не успеале пуферите да ги неутрализираат и не се исфрлиле надвор од телото, како и на сите токсини кои ги вдишуваме преку воздухот и ги внесуваме преку храната и водата.

Веќе одамна е познато дека глуварчето има способност да го прочистува и регенерира црниот дроб, особено кога станува збор за замастен црн дроб. Делува како диуретик и исто така, се користи при заболувања како гихт за да се исфрли од телото уричната киселина која се таложи во зглобовите и создава кристали.

Покрај ова, со своите детоксифицирачки моќи, глуварчето ја одржува кожата чиста и мазна. Додека пак, со своите горчливи супстанции ја подоброви дигестијата и лачењето на дигестивни сокови.

Како се бере коренот од глуварче

Глуварчињата имаат долг корен кој малку потешко се вади. Најлесно се откорнуваат после дожд кога почвата е омекната. Глуварчето треба да се бере од незагадена околина, подалеку од сообраќај и индустриско загадување.

Откако ќе го откорните глуварчето, исечете го зелениот дел и убаво измијте го коренот. Може да се користи свеж или да го ставите на сушење.

Како се прави медена инфузија со корен од глуварче

За медот сите знаете колку има лековити својства, па кога ќе се искомбинира со една ваква лековита билка, добива големи исцелителни моќи.

Откако убаво сте го измиле коренот и сте ја отстраниле сета нечистотија, исечете го ситно. Теглата наполнете ја до половина со сечкан корен од глуварче, а дополнете ја со мед. Протресете добро и почекајте да излезат сите воздушни меурчиња од медот.

За да се забрза и да започне екстракцијата потребна е топлина, но ако се изложи медот на висока температура може да изгуби дел од своите лековити својства.

За да одбегне тоа, најдобро е теглата да ја ставите во сад со топла вода. По потреба менувајте ја водата со цел секогаш да биде топла. Вака загревајте го медот два часа.

Оставете го потоа да се лади најмалку 12, а најдобро цел ден пред да го процедите.

Откако процесот на инфузија е завршен, процедете го медот, а коренот складирајте го во чиста, стерилизирана тегла и чувајте го на темно и ладно место.

КАКО СЕ КОРИСТИ МЕДЕНАТА ИНФУЗИЈА СО КОРЕН ОД ГЛУВАРЧЕ

Од коренот приготвувајте чај, а од медот јадете по една лажица наутро и навечер. Кога се консумираат комбинирано, чајот и медот, се зголемува нивната ефикасност. Чајот може да се приготвува и после обилен оброк за да помогне во неговата подобра дигестија.

Исто така, доколку сте настинати, оваа комбинација ќе помогне побрзо да закрепнете и да се ослободите од вирозата.