Сонот е важен дел од животот на секој поединец и клучен за нормално функционирање на мозокот и целиот организам. Голем број од луѓето поминуваат една третина од денот во спиење, а меѓу нив има многу кои во кревет легнуваат со чорапи. Според податоците на американскиот Институт за здравство, спиењето во чорапи е здраво, пишува MedicalNews Today.
Имено, при спиење со чорапи се воспоставува правилна телесна терморегулација и на тој начин се воспоставува ред во функционирањето на мозокот и телото.
Спиењето со чорапи е корисно и помага побрзо да потонете во сон, а околу 4 часот наутро кога температурата на телото е најниска на овој начин му се овозможува на организмот доволно топлина.
Загревањето на нозете и рацете влијае на проширување на крвните садови.
– Греењето на студените стапала предизвикува ширење на крвните садови што му порачува на мозокот дека е време за спиење. Бидејќи крвните садови на рацете и нозете се шират, тплината рамномерно се распоредува низ телото и го подготвува за спиење, тврдат од Националниот институт за здравство.
Според некои истражувања луѓето кои легнуваат со чорапи, заспиваат 15 минути пред оние без нив, а дури и традиционалната кинеска медицина ова го поддржува. На просечната возрасна личност потребни и се меѓу седум и девет часа сон. Недостигот на сон го зголемува ризикот од намалување на концентрацијата и негативно влијае на расположението и помнењето. Долгорочно влијае на зголемување на можноста од срцев удар, депресија и дебелеење.