Коронавирус: Вкупно 974 случаи во Македонија, 31% од дијагностицираните немале симптоми

Вкупно 974 случаи на коронавирус до вчера се регистрирани во Македонија. Согласно последните официјални бројки во текот на вчерашниот ден потврдени се нови 66 случаи. Ковид-19 во Македонија е потврден…

Вкупно 974 случаи на коронавирус до вчера се регистрирани во Македонија. Согласно последните официјални бројки во текот на вчерашниот ден потврдени се нови 66 случаи. Ковид-19 во Македонија е потврден во 21 град, а прв случај е регистриран и во Неготино.

Новите 66 регистрирани случаи се од 11 градови, а најголем број од пријавените лица се со место на живеење во Куманово и Скопје. Најголем дел од регистрираните случаи, 17, се на возраст од над 60 години, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 32 женски и 34 машки лица.

Хоспитализирани се 12 лица, а останатите се на домашно лекување. Кај 22 лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Вкупно 42 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а регистрирано е едно лице кое имало историја на неодамнешно патување во последни 14 дена.

По добиени два негативни теста како оздравени се водат дополнителни 12 лица.

По однос на вкупната бројка регистрирани случаи на Ковид-19 во земјава, најголемиот број се од Скопје и Куманово. Трет град со најголем број случаи е Прилеп.

Возраста на заболените се движи од 0 до 91 години (медијана – 46 години). Најголем број на заболени се на возраст од 50-59 години – 212. Кај лица над 60 години регистрирани се 207 случаи со инциденца. Кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години се пријавени 33 и 40 случаи соодветно.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (64,2%), кашлица (55,7%), малаксаност (32,8%), треска (18,5%), болка во грло (15,7%), отежнато дишење (14,5%) и главоболка (10,9%). Кај 301 или 31% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Регистрирани се 143 случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Регистрирани се 45 смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години каде е регистриран и највисок специфичен морталитет.

Од 15.02.2020 до 14.04.2020 направени се вкупно 9.762 тестови за Ковид-19.


Related Articles