Четврти месец од корона вирусот и наместо да бележиме пад на заболни, и да говориме за опоравување од корона кризата на сите полиња, како што е тоа во соседните земји, Македонија се’ уште брои двоцифрени бројки на новозаболени, a брои и починати лица, изјави на денешната прес-конференција д-р.Кирил Лазов, член на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

интегрален тест од прес-конференцијата на Лазов

Македонија е земја во која веќе има втор пик, а не како што беа проценките дека тоа ќе се случи евентуално есента.

Од крајот на февруари кога беше регистриран првиот случај на корона вирус во Македонија до денес, едно е јасно – надлежните институции целосно потфрлија.

Состојбата јасно укажува дека надлежните не се водат од професионалните стандарди, туку од барањата на Заев и Филипче.

Комисијата за заразни болести работи под диригентската палка на Заев, а не на професијата. Се гледа резултот од политичкиот диктат – голем број на новозаразени во едно деноноќие, како што и во секое денононоќие има и починати лица.

Бројката на новозаразени јасно кажува дека е неопходно итно консолидирање на системот. Бројката на нозаразени говори дека станува збор за втор бран. Филипче и Заев заборавија на граѓаните и нивното здравје. Ама Филипче и Заев се погрижија да постават послушници во Комисијата за заразни болести, лица кои се подготвени да ја стават професијата на страна и да се стават во служба на политиката.

Потребно е веднаш да искористи потенцијалот на професионалците и да се формира ново тело од експерти на кои приоритет им е здравјето на граѓаните. Потребно е да се консолидира системот.

Нема време и простор за политика. Потребна е акција за заштита на здравјето на граѓаните.