Знаеме дека урмите се многу здрави, но не и колку навистина се корисни за нашиот организам.
Ова овошје е богато со природен шеќер кој е одлична замена за обичниот. Урмите го намалуваат чувството за глад, се вистинска природна мултивитаминска таблета, поради што се препорачуваат и за деца и за возрасни.
Помагаа кај анемијата, високиот крвен притисок, холестерол, дури и во борбата против рак. Речиси да нема болести кои не може да се излечат со урми.
Исто така, содржат лутеин и зеаксантин, поради што ги нарекуваат витамини за очи, па доколку сакате да го сочувате видот јадете повеќе од ова овошје. Урмите се богати со калион, кој е добар против дијареа. Нивното редовно консумирање помага црвената флора побрзо да се обнови, но стимулира и создавање на добри бактерии во цревата.
Изобилуваат со природни влакна кои благотворно влијаат на работата на цревата. Доколку имате проблем со мрзеливите црева, би било добро навечер да ставите неколку урми во вода. Тие во текот на ноќта ќе пуштат сок кој е одличен лаксатив.