– Луѓе се разболуваат и умираат, а власта се фрли на летување и бизниси на грбот на народот, рече на прес-конференција Ружива Николовска од ВМРО-ДПМНЕ. Власта на Заев во заминување до последен момент безмилосно ги троши народните пари. Имено вчера раководството на АД МЕПСО во крајно нетранспарентен процес склучило 3 договори за хотелски услуги и сместување во вкупен износ од 7 милиони 190 илјади денари, односно скоро 117 илјади евра, посочи таа.
– „Првиот од трите склучени договори во текот на вчерашниот ден е со фирмата Друштво за производство трговија и услуги ВИЦТОРИЈА ДООЕЛ Скопје во износ од 176.180 денари, вториот е со Друштво за трговија, превоз, туризам и услуги АПЕКС ФОР ДООЕЛ експорт-импорт Скопје во износ од 4.271.137 денари и третиот со Друштво за производство, трговија и услуги КЕОПС ПЛУС ДООЕЛ увоз-извоз Битола во износ од 1.743.525 денари. Сите овие договори се на име Услуги за хотелско сместување. Во услови кога Македонија е во втор пик на корона криза со троцифрени бројки на заразени, државното претпријатие МЕПСО склучува договори за хотелско сместување.“
Николовска додаде дека 20 000 граѓани немаат земено плата за месец април додека Заев и СДС договараат милионски суми за хотелски услуги и сместување. Ваквите договори се правени во 4 очи, без целосно јасни критериуми и во нетранспарентна постапка, рече Николовска.
– Да потсетиме дека во екот на епидемијата власта на Заев и СДСМ трошеше милиони народни пари за набавки на шампањ, лигњи, октоподи, виски бурбони, а на почетокот на кризата за само неколку дена потрошија и 97.000 евра за патни трошоци, сместувања, хранарина и дневници. Ова е расипништвото на власта на Заев и СДСМ. Додека народот се бори за егзистенција, тие се луксузираат во хотелско сместување, јадат октоподи и лигњи и пијат скап шампањ и виски. Затоа мора да ја поразиме короната, но и вториот вирус наречен Заев и СДСМ.
– Нивната неодговорност, неспособност и расипништво мора да биде поразено. Или обнова или измами. Македонија не заборава и Македонија ќе победи.