Претседателот на Венецуела Николас Мадуро соопшти дека ги продолжува вонредните мерки во земјата за уште 30 дена.
– Ќе го обновам декретот за 30-дневно продолжување на вонредната состојба за да продолжам да го заштитувам нашиот народ“, рече социјалистичкиот претседател во телевизиското обраќање до нацијата.
Мадуро наложи вонредна состојба на 13 март, која потоа ја продолжи кон средината на април.
Тој рече дека во Венецуела има 423 заразени и 10 смртни случаи.
Сепак, овие бројки беа оспорени од неговиот опозициски ривал, Хуан Гуадо, кој рече дека бројот на заразени и на смртни случаи од вирусот е многу поголем во земјата, каде здравствениот систем слабеел во текот на годините на економска криза.
Во моментов, луѓето имаат право да ги напуштат своите домови само за медицински посети или да купуваат храна, но прекршувањата стануваат се почести, особено во Каракас и во најсиромашните области на земјата, каде луѓето заработуваат за живот во „сивата“ економија.