Магдоносот е позната билка која е редовна на македонската трпеза, но е и растение со одлични својства за вашето здравје. Познат е како едно од растенијата со уникатни антиоксидантни својства и многу други бенефиции. Ова мало темно-зелено растение кое го има во градините, продавниците и чиниите со салата во секое македонско домаќинство, има убав вкус и широка палета на примени во нашата традиционална кујна.
Оваа билка не содржи холестерол, но е богата со антиоксиданси, витамини, минерали и диететски фибри, што помагаат да се контролира холестеролот во крвта, помага во превенцијата од констипација (запек), го штити телото од слободните радикали кои се појавуваат поради лековите за повреди и е добра превенција од рак.
Магдоносот содржи и есенцијални масла кои се многу здрави, а тие имаат и миситицин, лимонен, еугенол и алфа-туен. Есенцијалното масло еугенол кое се наоѓа во ова растение има употреба како терапевтско средство во стоматологијата како локален анестетик, и антисептично средство за болестите на забите и непцата. Еугенолот исто така го намалува нивото на шеќер во крвта кај дијабетичарите.
Магдоносот е богат и со полифенолични антиоксиданти кои се едни од најсилните состојки кои можат да се најдат во растение, а имаат антиоксидантни својства. Растението е богато и со калиум, манган, железо и магнезиум. Во 100 грама свеж магдонос има 554 милиграми, односно 12 посто од потребната доза калиум. Богат е и со витамини А, бета-каротен, витамин К и фолати. Зеа-ксантинот помага при борбата со макуларна дегенерација во мрежичката на окото кај популацијата од постара возраст.
Магдоносот е најверојатно најбогат од сите растенија со витамин К, кој има потенцијално важна улога во здравјето на коските, со тоа што ја забавува остеотрофичната активност во коските. Има важна улога и при лечењето на пациенти болни од Алцхајмер, со тоа што ја лимитира нервната штета во мозокот.