Медот не е препорачлив за мали деца, особено не за оние кои се помлади од една година. Кај новороденчињата може да предизвика сериозна инфекција во цревата, наречена бебешки ботулизам.
Бактеријата Clostridium botulinum често може да се најде во природниот мед и додека организмот на возрасен човек лесно ја „вари“, нежниот бебешки организам може сериозно да биде затруен од неа.
Ова воопшто не е наивна состојба, со оглед на тоа што бактеријата може да го нападне нервниот систем на бебето.
Уште една причина зошто да не му давате мед на бебето е што е силен алерген.
За да бидете сигурни дека нема самите да го изложоте своето дете на опасност, тогаш освен мед, треба да избегнувате да му давате храна која содржи скробен сируп, како и домашни каши кои стоеле во фрижидер подолго од два часа.