Националниот координатор на Меѓународната организација на трудот (МОТ) во Србија, Јован Протиќ, денеска изјави дека минатата година во Србија биле идентификувани 82.000 случаи на детски труд, што значи дека деца на возраст од пет до 17 години работеле иако ситуацијата не била погодни за нив или од физичко или од ментално здравје, пренесе Бета.

„Минатата година во Србија се идентификувани 82.000 случаи на детски труд. Тоа значи дека децата на возраст од пет до 17 години работат во ситуација која не е соодветна за нив ниту од гледна точка на физичко, ниту од ментално здравје. Две третини од овие деца се во земјоделството и работата со нивните родители во домаќинствата“, прецизира Протиќ на отворањето на конференцијата „Ризиците на новото време – нова ера на одржливост“, организирана од платформата Be Risk Protected.

Тој додаде дека претставниците на МОТ ја поминале минатата година подигајќи ја свеста во руралните области во Србија дека тоа може да биде штетно за децата.

„Денес има 28 милиони луѓе во модерно ропство, бидејќи тој пазар вреди 150 милијарди долари годишно и тоа се пари кои некој ги става во џеб благодарение на експлоатацијата на тие работници, а меѓу нив има и околу 160 милиони деца под 17 години“, изјави Јовиќ. (МИА)