Министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, оствари работна средба со претставниците на Здржението на млади правници и СОС детско село за продолжување на соработката на проектот „Правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела“.
-Имајќи ги предвид заедничките стратешки цели и документи заедно со Министерството за труд и социјална политика во заштита на правата и интересите на жртвите на насилство од особено значење е соработката со НВО секторот во процесот на давање на соодветна заштита на овие категории на лица. На средбата ја потврдив соработката на проектот во кој е планирана стручна и правна помош на жртвите на насилство. Воедно ќе ги известам Центрите за социјална работа за соработката и давањето на техничката поддршка и помош на организациите, а промотивните материјали ќе бидат поставени на достапни места во Центрите за социјална работа, порача таа.