Мисајловски: Парите за патувања и репрезентации да се пренаменат за болниците и медицинскиот кадар

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, вчера вечер беше гостин на една од емисиите на нашит тв куќи. Тој зборуваше за неопходноста од пренамена на средствата кои следуваат за репрезентација и…

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, вчера вечер беше гостин на една од емисиите на нашит тв куќи. Тој зборуваше за неопходноста од пренамена на средствата кои следуваат за репрезентација и патувања, ставки за кои се уште не се кратат пари. Не само што сите средства кои можат да бидат олеснување на буџетот треба да се пренаменат, туку постојат и ставки кои треба веднаш да бидат скратени, објасни Мисајловски.

-Имаме ставки во буџетот за репрезентации што не се кратат, имаме ставки за патувања коишто не се кратат, имаме еден куп ставки за институциите за коишто веднаш може да се направи ребаланс на влада и тие пари да се пренаменат за потребите на болниците и медицинскиот кадар кон бизнисот и економијата, истакна Мисајловски.

Тој посочи и дека СДСМ сака да удри кон граѓаните, но се поставува прашањето и дали функционерите на владеачката партија ќе се откажат од нивните плати.

-Во Владата нема протокол, ниту план што ќе се прави доколку кризата продолжи 12, 18 месеци, нашите болници и институции не се толку спремни како европските, затоа треба да се помогне на било каков начин, затоа што ова мора да го надминеме и Македонија треба да застане повторно на нозе.


Related Articles