Вчера (16.12.2021) во склоп на Модната Авенија во Ист Гејт Мол, се оддржа несекојдневна модна ревија во празнично издание.
На црвениот тепих внимателно се следеа модните комбинации, како стилски микс од гламурозни парчиња облека, обувки, накит и дополнителни аксесоари од голем број брендови, достапни во продавниците во Ист Гејт Мол, како Gabbiacci, Giotelli, Kiğılı, Liu Jo, Patrizia Pepe, Twinset, Versace Jeans Couture, А|X Armani Exchange, Mango, Dan John, Miss Sixty, Just Cavalli, Balmain, Bella, Sigma, Dioptra Optics, Samsonite, Parfois, Mohito, Linea, La Modella, Karl Lagerfeld, Red Valentino, Hugo Boss, Orsay, Mond, Zen Diamond, Rebecca, и многу други.
Модните комбинации беа вистински движечки празничен декор, кои што му дадоа уникатен шарм на настанот. Истите воедно беа и инспирација за присутните за нови и оригинални идеи за како да се збогати и освежи личниот моден стил за време на празниците или пак што може да ги исполни спакуваните кутии со подароци под елката оваа сезона.
Гостите имаа единствена шанса да уживаат и да ја разгледаат и специјалната селекција на изложени модни парчиња од брендовите bWatch, Bark, Duki Daso, Zen Diamond, Mond, Armani, Orsay, XYZ и други, а Лазар Винарија, Fabu Spot, Giotelli, Duki Daso и Vichy приредија изненадување за секој гостин на ревијата.
?
?
?
?
?
?
?
?
?
?