Човечките клетки обично содржат 23 пара хромозоми. Еден хромозом во секој пар доаѓа од таткото, а другиот од мајката. Во комплетна моларна бременост, станува збор за празна јајце клетка која е оплодена од еден или две сперматозоиди, а целиот генетски материјал е од таткото.
Причини
Моларната бременост е состојба во која бременоста е предизвикана од абнормално оплодено јајце. Човечките клетки обично содржат 23 пара хромозоми. Еден хромозом во секој пар доаѓа од таткото, а другиот од мајката. Во комплетна моларна бременост, станува збор за празна јајце клетка која е оплодена од еден или две сперматозоиди, а целиот генетски материјал е од таткото. Во оваа ситуација, хромозомите од мајчиното јајце се губат или инактивираат а хромозомите на таткото се дуплираат. Во делумна или нецелосна моларна бременост остануваат хромозомите на мајката, но од таткото има две групи на хромозоми. Како резултат на тоа, ембрионот има 69 хромозоми наместо 46. Ова најчесто се случува кога два сперматозоиди оплодуваат едно јајце, што резултира со екстра копија од генетскиот материјал на таткото.
Фактори на ризик
Одприлика 1 на секои 1000 бремености се дијагностицира како моларна бременост. Различни се факторите кои се поврзани со моларна бременост, вклучувајќи:
- Мајчина возраст. Моларна бременост е поверојатно да се случи кај жени постари од 35 години или помлади од 20 години.
- Претходна моларна бременост. Ако сте имале една моларна бременост, поголема е веројатноста да имате друга. Повторната моларна бременост се случува во просек кај една 1 од секои 100 жени.
Компликации
Откако ќе се отстрани моларната бременост, моларното ткиво може да остане и да продолжи да расте. Ова се нарекува постојана гестациска трофобластна неоплазија. Ова се јавува кај околу 15 до 20 проценти од целосните моларни бремености и до 5 проценти од делумна моларна бременост. Еден од знаците на постојана гестациска трофобластна неоплазија е високо ниво на хуман хорион гонадотропин (HCG) – хормон за бременост – откако моларната бременост е отстранета. Во некои случаи, инвазивната хидатиформна мола продира длабоко во средишниот слој на ѕидот на матката, што предизвикува вагинално крварење. Постојана гестациска трофобластна неоплазија речиси секогаш може успешно да се лекува, најчесто со хемотерапија. Друга опција за третман е отстранување на матката (хистеректомија). Ретко, канцерогената форма на гестациска трофобластна неоплазија е позната како хориокарцином која се развива и се шири на други органи. Хориокарциномот обично се третира со повеќе лекови за рак. Целосна моларна бременост е поверојатно да ја има оваа компликација од делумна моларна бременост.
Превенција
Ако сте имале моларна бременост, разговарајте со вашиот доктор или давателот на услуги за бременост пред да забремените повторно. При што може да ви биде препорачано да чекате шест месеци до една година пред да се обидете да забремените. Ризикот од повторување е низок, но е повисок од ризикот за жени без претходна историја на моларна бременост. Во текот на било која следна бременост, вашиот гинеколог може да направи ран ултразвук за следење на вашата состојба и да биде поддршка и сигурност за нормален развој на бременоста. Исто така може да се разговара за пренатално генетско тестирање, кое може да се користи за дијагностицирање на моларна бременост.