За да се сочува линијата и да се намали телесната тежина, важно е правилно функционирање на тироидната жлезда, која влијае на метаболизмот. Морската риба е богата со јод, елемент неопходен за правилна работа на оваа жлезда. Со внесување на риба во исхраната, се потикнува штитната жлезда на лачење на хормонот кој учествува во регулирање на телесната тежина.
Како и месото и јајцата, рибата исто така содржи квалитетни протеини кои се најдобро искористливи од страна на организмот.
Скушата, сардината и сите други видови на сина риба имаат уште едно важно својство , штитат од кардиоваскуларни болести. Имено, содржат масни киселини ОМЕГА- 3, кои ја намалуваат густината на крвта, ја подобруваат циркулацијата и ја олеснуваат работата на срцето.