Сончево време повремено со мала до умерена локална облачност и невообичаено топло ќе се задржи во држава до крајот на оваа недела додека температурите на воздухот понатаму ќе бидат во понатамошен пораст и за викендот и тоа особено во сабота истите ќе се искачуваат во интервалот од дури 27 до 34 степени, анализира Славчо Поповски.

Овие температури се значително над просекот за овој дел од годината и ваквото време лошо влијае особено врз метеопатите каде се јавуваат и здравствени проблеми поточно тежнина на главата и телото како и поспаност.

Само на планинските места на северозапад особено утре (среда) ќе има услови за сосема слаб и краткотраен локален дожд што значи невообичаено сушниот период за овој дел од годината и понатаму ќе продолжи што значи врнежите ќе бидат значително под просекот.