Наместо владата и министрите да се занимаваат со одржувачки битни работи за Македонија, како што е намалениот прираст во државата тие се зафатени со надворешни политики, погубни за државата, најмалку се грижат за населението, неговото останување на овие простори како и прирастот, многудетни семејства, задржување на институцијата брак и нејзино одржување, но тоа се изгледа небитни теми бидејќи морталитетот е зголемен и води во однос на наталитетот кој се бележи во изминатиов период кој е речиси за третина намален во изминативе години. Што е жално за граѓаните.

Според податоците на официјалната статистика во 1994 година во Македонија се родени 31 421 бебиња, додека минатата година тие се само 21 754. Податоците покажуваат и зголемување на бројот на смртните случаи. Податоците за природното движење на населението покажуваат дека најголемото намалување на бројот на живородени деца е забележано помеѓу 1994 и 2001 година, кога биле регистрирани 24 183 живородени деца.

Сепак, на сметка на намалувањето на новороденчињата, смртноста се зголемила. Во 1994 година, 15 649 лица загинаа, а во 2017 бројот изнесуваше 20 318 лица.

Од почетокот на 2018 година, овој тренд е одржлив и 6,3% помалку деца се родени во вториот квартал од истиот период во 2017 година.

Директорот на Државниот завод за статистика на Македонија Апостол Симовски истакна дека во вториот квартал на 2018 година, бројот на починатите е повисок од бројот на новороденчињата.

Каде се одговорните и лидерите на државата , кои се работите кои ќе ги направите за да се смени оваа ситуација која е неповолна за Македонија?