Свесни ли сме колку често го користиме нашиот smartphone? Можеме да дознаеме но сепак не би сакале. Најстрашно е што зависноста од паметни телефони може да влијае на нашето физичко и ментално здравје, нашите односи и нашата продуктивност. Иако звучи „забегано”, во Америка овој вид на зависност се споредува со епидемијата на дебелина.
Луѓето по природа се склони кон одвлекување на вниманието, а нашите паметни телефони имаат создадено цел „свет” што ни го прави токму тоа. Мобилните телефони порано биле само алатки за комуникација, но денес тие се GPS, фотоапарати, конзоли за игри, мапи, најверниот другар за спортување…
Иако постојат многу начини како да ја сопрете оваа зависност, сепак вреди да се стави во таа листа и овој уред, Light Phone 2. Овој уред со кој можете само да се јавите , да пишувате порака или да си поставите аларм, можеби ќе може да ви ги спаси „мозоците” и ќе ви дозволи да прочитате некоја книга.