Агровојводина – механизација НС ја започнува својата приказна во Октомври 1998-та, како фирма ќерка на Агровојводина – механизација ДОО од Нови Сад, Р. Србија, која во тие времиња беше една од најголемите трговски фирми на територијата на поранешна Југославија од областа на продажба на земјоделска механизација.

Најпрво започнавме со продажба на трактори од производителите ИМТ и РАКОВИЦА, како и со приклучна земјоделска механизација од голем број на производители од Србија но и останатите републики.

Позначаен раст фирмата бележи од 2002 год, кога станува дистрибутер на познатите производители на трактори МТЗ БЕЛАРУС и ВТЗ ВЛАДИМИРСКИ ТРАКТОРСКИ ЗАВОД.
Кратко потоа Агровојводина – механизација, прва на овие простори, започнува со продажба на трактори од најголемиот производител од НР Кина DONG FENG, со пласирани околу 1000 трактори на овие простори.

Следи и соработката со еден од најголемите производители на трактори и комбајни во светски рамки, групацијата SAME DEUTZ-FAHR, како генерален застапник за Р.  Македонија, преточувајќи ја соработката во 2014 год, во околу 80% пазарен удел на пазарот на трактори во Македонија.

Како резултат на ова доаѓа и соработката со италијанскиот бренд за батериски ножици за кроење CAMPAGNOLA.

Денес, Агровојводина – механизација НС претставува лидер во продажба на  земјоделска механизација и опрема во земјата.

Динамиката во стекнување на доверба кај искусните земјоделци, се должи на квалитетот кој го нудиме во однос на цената која ја плаќаат за истото, а тоа го препознаа и нашите банки партнери,  кои овозможија одлични услови за кредитирање на нашите клиенти.

Нашата мисија е да бидеме сигурен партнер на секој еден земјоделец, кој може да се потпре на нашите врвни производи и сервисни услуги!

Целосната програма за нови и напредни земјоделци може да ја погледнете ТУКА.