Овој универзален и на сите достапен производ ќе ви помогне околу домаќинството, за одржување на личната хигиена и чистотата во домот, како и против несаканите штетници, а ова се неговите најчести примени:

За да го отстраните непријатниот мирис на рацете кој сте го добиле после јадење/чистење на риба или лук: рацете навлажнете ги со малку вода и истријте ги со лажица сода бикарбона, а потоа исплакнете ги со топла вода.

По долго стоење, а некогаш и со редовна употреба, во машината за перење садови може да се насели мувла која произведува непријатен мирис. За да ги отстраните непријатните мириси од машината за садови пригответе го следниот рецепт: истурете 1 шолја сода бикарбона и вклучете програм за плакнење.

Загорени тенџериња: Наполнете го тенџерето со вода до 1/4, додајте половина шолја сода бикарбона и ставете да проврие. Оставете така да отстои преку цела цела ноќ, а следниот ден исплакнете. Тенџерето ќе биде како ново.

Изгореници од сонце: во када со вода растворете една шолја сода бикарбона и потопете се. Водата треба да биде млака, ниту премногу топла, ни премногу студена, затоа што во неа треба да останете барем неколку минути. Б олките ќе поминат.

Ранички во усната шуплина: на неколку часови плакнете ја устата со раствор од 1 шолја топла вода и 1 лажичка сода бикарбона. Оваа постапка можете да ја правите и доколку се појави непријатен мирис или после јадење на лук.

Чистење на микробранова печка: ставете шолја вода со неколку лажички сода бикарбона и вклучете на три минути на највисока температура. Со еден потег ќе се ибришат сите дамки и ќе исчезнат мирисите.