Првиот случај на заболување предизвикана од новиот вид коронавирус е откриен во Тајланд, пренесува весникот Nation повикувајќи се на тамошното министерство за здравство.
Според министерството, заболената е 61-годишна Кинеска од градот Вухан во централната кинеска покраина Хубеи. Како што се истакнува, жената веќе била излечена и во понеделникот требало да биде вратена во нејзината таковина.
Кон крајот на декември, кинеските власти објавија дека регистирале појава на пневмонија со непознато потекло во Вихан. Минатиот четврток кинеските експерти соопштија дека утврдиле дека нов тип коронавирус е предизвикувачот на заболувањето. До 11-ти јануари регистриран е еден смртен случај од заболувањето предизвикано од новиот вид коронавирус во кинески Вухан, заболени се уште околу 40 други лица, а неколку стотици се под медицински надзор.
Како што соопшти министерството за здравство на Тајланд, во понеделникот се воведени мерки на аеродромите во земјата за медицинска контрола на лицата кои допатувале од Вухан. Контролата, исто така, е заострана и во приватните и државните болници во Тајланд.