Министерот за здравство Венко Филипче ја објави официјалната статистика за бројот на заболени во изминатите 24 часа, односно дека се регистрирани 120 заразени од Ковид 19.

Статистиката покажува дека најголемиот дел се од Скопје.

– Скопје 67
– Куманово 19
– Штип 16
– Прилеп 4
– Тетово 9
– Велес 2
– Гостивар 1
– Неготино 1
– Струмица 1

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.611, бројката на оздравени пациенти е 1.621, на починати е 147, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 843.