Со маски, задолжително мерење температура, честа дезинфекција и потпишување изјава меѓу кои има и прашања поврзани со Ковид-19. Вака изминатите два и пол месеци во вонредни услови се организираат крводарителските акции.
-Во екот на пандемијата изготвивме и прашалник и самиот крводеарител да се потпише, изјави прим. Д-р Горан Андонов, раководител на оддел за крводарување.
Досега на Институтот за трансфузиона медицина немале случај позитивен на коронавирус да дарува крв.
-Препораките покажуваат дека таа крв може да се користи, но ние би го исклучиле од преработка таквиот крвен продукт, изјави д-р Садула Усеини, директор на Институтот за трансфузиона медицина.
Од Институтот велат дека располагаат со доволно количество на крв и крвни продукти. И покрај вонредната состојба, ограничување на движењето и редукција на акциите за два месеци успеале да соберат околу 8000 единици. Биле покриени сите потреби во здравството.
-Сакам да им се заблагодарам на сите крводарители кои изминатиот период одвоија од своето драгоцено време и во вонредни услови даруваа крв, рече д-р Усеини.