Цело семејство се заразило од мали сипаници во селото Карбинци, од истоимената општина кај Штип, соопшти раководството на штипската Клиничка болница која ги примила заразените во инфективното одделение.
„Се работи за шестчлено семејство од ова село во Општина Карбинци, кое побарало помош во инфективното одделение во Штип. И повозрасните членови на семејството и децата веднаш биле хоспитализирани и се ставени во карантин и на интезивна терапија, адекватна за заболувањето“, соопштија од Клиничката болница во Штип.
Ова не е прв случај на морбили во Штип, но за првпат Болницата се соочува со заразено цело семејство. И во оваа болница важат правилата за прогласената епидемија од мали сипаници, па во инфективното одделение уште во претходниот месец се забранети посетите и се преземени сите потребни мерки за сузбивање на епидемијата.
Покрај фактот дека повеќе нема заболени од морбили од Скопје, сега се појавуваат случаи на заболени само во внатрешноста на Македонија или надвор од Скопје, но министерот за здравство Филипче не ја престанува, стопира состојбата на епидемија во градот Скопје. Причините познати на сите, донираните и купените вакцини мора да се потрошат, зошто само така Арбр, Венко и Десковска ќе ги добијат ветените провизии. Ах тие провизии, провизии, што ги тераат нашите министри да се лакомат и да заборават на македонските пациенти и нивните потреби. – се шират и пишуваат коментари по социјалните мрежи, во текот на целиот ден денес, родителите коментираат непомирувајќи се со законите кои си ги донесуваат само три личности и вршат терор врз македонските граѓани.