Ова растение не е многу вкусно, а сите знаеме дека ова е првиот знак дека нешто е здраво. Ако ви кажеме дека треба да се навикнете да пиете ладно цеден целер барем една недела, дали тоа значи дека е здрав? Да не беше така, најпознатите светски спортисти не би го започнале денот со пиење барем една чаша од овој сок.
Со пиење целер, на телото му обезбедуваме неопходна и моќна детоксикација! Природните материи од целерот се лепат до лошите и токсични материи кои сме ги внесувале во организмот преку нездравата храна, загадениот воздух… и на тој начин ги исфрла од организмот.
Чистењето започнува од цревата. Веќе во првите два-три дена ќе почувствувате олеснување и намалување на надуеноста, а на кожата ќе ги забележиме и првите видливи промени како на пр. повлекување на акни. Со пиење на сокот, се одржува рН рамнотежата во организмот, односно се неутрализира киселината; се чистат крвните садови со тоа стануваат попроодни, така што крвниот притисок се намалува.
-Ги зајакнуваат коските;
-Ја подобрува меморијата, особено концентрацијата;
-Полесно се слабее бидејќи сокот ја згасне желбата за слатки и преголеми количини храна;
-Го зајакнува имунитетот.
Колку треба да пиете?
Најдобрите ефекти се постигнуваат со пиење 0,5 l сок секој ден, но ако ви е премногу и не можете да издржите, почнете со 250 ml и постепено зголемувајте ја количината. Едноставно, пијте го до крај! Затоа што две-три минути лош вкус ќе ви го разубават денот.